Ватикан има доволно богатство да им плати на сите жртви на сексуални напади од свештеници

Минатата недела, Бруклинската епархија и воншколска програма за деца постигнаа спогодба со четири лица кои биле редовно злоставувани како деца во католичка црква, и се согласија да платат вкупно 27,5 милиони долари отштета.

Историската сума беше објавена на крајот на летото што го одбележа фијаското на службата за јавни односи на Ватикан ширум светот, што поттикна и своевидна криза на идентитет во Светата столица.

Пред неколку месеци, Теодор Мекарик, поранешен надбискуп во Вашингтон, даде оставка од Колеџот на кардинали откако стана највисоко рангираното свештено лице директно обвинето за сексуално насилство. Неколку недели потоа, во заклучоците на судски извештај од Пенсилванија беше објавено дека од 40-тите години на 20. век, околу 300 свештеници сексуално злоставувале најмалку 1.000 деца само во Пенсилванија.

Истакнат поранешен висок функционер на Црквата подоцна го повика папата Франциско да си даде оставка, тврдејќи дека знаел за обвинувањата против Мекарик уште пред да бидат јавно соопштени. Во меѓувреме, локалните јавни обвинители во Њујорк ,Њу Џерси и други сојузни држави почнаа сопствени истраги за нивните епархии.

Папата направи малку по ова прашање, со исклучок на свикувањето на бискупите од целиот свет во Ватикан зимава за да дискутираат за актуелната криза.

Дали е можно Католичката црква вечно да плаќа отштети за жртвите на сексуално насилство од нејзините свештеници? И ако го прави тоа, дали некогаш ќе банкротира? Црквата наводно веќе има исплатено отштети од 3 милијарди долари само во САД и околу 20 американски епархии поднеле документи за банкрот.

Меѓутоа, тешко се доаѓа до детали и информации за финансиите на Католичката црква, како и за сѐ друго што се случува зад ѕидовите на Ватикан.

Сето тоа го смени Џек Рал. Тој е професор по сметководство на универзитетот Западен Мичиген кој почнал да се интересира за финансиите на Католичката црква во почетокот на 2000-тите, откако открил лична поврзаност со скандал за злоставување во неговиот роден град Чикаго.

Веб страницата Vice разговараше со Рал околу неговите истражувања, проценки и ставови околу финансиите на Католичката црква и можноста Ватикан да исплати отштета на сите засегнати од сексуалните злоставувања на католички свештеници.

Во 2015 година, Рал и неговата сопруга Даен, го објавиле првиот извештај од нивната истрага во National Catholic Reporter и тоа бил првиот обид да се даде точна проценка за тоа колку ја чинеле случаите за сексуално злоставување Католичката црква од 50-тите наваму. Нивната тогашна проценка изнесувала околу 4 милијарди долари.

Во 1965 година, списанието Time процени дека Ватикан „тежи“ 15 милијарди долари.

Рал смета дека со помош на осигурителните компании, Католичката црква би можела да плаќа отштети за овие случаи засекогаш и никогаш да не банкротира. Тој исто така тврди дека Црквата има тајни банкарски сметки за кои јавноста не знае.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе