ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2023

Верувале или не, некој го сака Мегваер: Интер прави сѐ за да го донесе

Хари Мегваер, кој му се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2019 година за рекордни 80 милиони фунти за да стане најплатениот дефанзивец во историјата, долго време беше на маргините на „Олд Трафорд“ и стана предмет на потсмев.

Со доаѓањето на холадскиот стратег Ерик тен Хаг 29-годишниот фудбалер беше целосно маргинализиран и стартуваше само на 4 натпревари во Премиер лигата сезонава.

Колку Тен Хег не му верува, говори податокот дека на натпреварите против Нотингем Форест, Вулверхемптон и Манчестер Сити повеќе му веруваше на левиот бек Лук Шо, отколку на него.

Договорот на Мегваер истекува на крајот од сезоната и многу експерти не веруваат дека тој некогаш повторно ќе го облече дресот на некој голем клуб, но на самиот крај од зимскиот преоден рок пристигна интересна понуда за него и тоа не од било кој клуб туку од италијанскиот гигант Интер.

Со оглед на тоа што Милан Шкриниар уште сега би можел да го напушти Интер и да се пресели во ПСЖ, челниците на Интер се очајни по нов стопер, а Мегваер е нивниот прв избор.

Јунајтед веќе доби понуда да го позајми Мегваер до крајот на сезоната, но Тен Хег, иако очигледно не смета на него, веднаш ја отфрли можноста.

Сепак, челниците на Интер продолжија да испраќаат понуди и се надеваат дека на крајот ќе го убедат Тен Хаг да го пушти англискиот репрезентативец на „Џузепе Меаца“.

ПСЖ одамна го мерка Шкриниар, а со оглед на тоа што договорот на Словакот истекува во јуни, на лето „Светците“ би го добиле бесплатно. Сепак, уште сега им е потребен како засилување поради атакот на Лигата на шампиони. Од друга страна, подобро и за Интер е да го продаде сега за да заработи нешто, но во тој случај и ќе мора да се надева дека Манчестер ќе го пушти Мегваер за експресно да добие замена бидејќи во спротивно ќе биде драстично ослабен на централната бековска позиција.

Иако резерва во Јунајтед, Мегваер беше прв избор на англискиот селектор Гарет Саутгејт на Мундијалот во Катар, каде дефанзивецот ги оправда очекувањата и одигра добро. И покрај тоа, по враќањето во Манчестер се врати на клупата за резерви.

Според реномираниот Transfermarkt вредноста на Мегваер е 30 милиони евра, додека на две години помладиот Шкриниар е 60 милиони.

Денеска е последниот ден од зимскиот трансфер период и во Италија, Англија и Франција, па останува да видиме што ќе се случи до вечер во 23 часот кога се затвора преодниот рок.

реклама

Откако стана хит на социјалните мрежи: Дубаи чизкејк може да се направи и како торта

Read more

Најголемите расипници на хороскопот: Знаци од Зодијакот што не ги бива со пари

Read more

Економската политика на Трамп би можела особено да ѝ наштети на една европска земја

Read more

Тајсон: Пушев многу трева и печурки кога ме повикаа за мечот против Пол

Read more

Фудбал

Од понеделник во продажба билетите за дуелите со Латвија и Фарски Острови

Read more

Вардар со важно соопштение пред саботниот натпревар против Шкупи

Read more

Колку заработи Нејмар за секој допир на топката и минута на теренот во Саудиска Арабија?

Read more

Уапсен претседателот на Фудбалската федерација на Перу

Read more
 

Спорт

Од понеделник во продажба билетите за дуелите со Латвија и Фарски Острови

Читај повеќе

Тајсон: Пушев многу трева и печурки кога ме повикаа за мечот против Пол

Читај повеќе

Вардар со важно соопштение пред саботниот натпревар против Шкупи

Читај повеќе

Колку заработи Нејмар за секој допир на топката и минута на теренот во Саудиска Арабија?

Читај повеќе

Ѓоковиќ ги откри плановите за наредната сезона

Читај повеќе

Уапсен претседателот на Фудбалската федерација на Перу

Читај повеќе
  • play_arrow

Адетокунбо и Лилард ја уништија Јута

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелци претепани во Амстердам; Нетанјаху: Испраќаме спасувачки авиони

Читај повеќе

Дешан повторно го заобиколи Мбапе за во репрезентација

Читај повеќе