Ветерна енергија годишно ќе напојува 23.000 домаќинства во Емиратите

Обединетите Арапски Емирати поставија амбициозни цели кога станува збор за обновливите извори на енергија.

Како дел од планот за енергетска стратегија за 2050 година, ОАЕ има за цел да го зголеми уделот на чиста енергија во вкупниот енергетски микс на 50% до 2050 година, а тоа го вклучува и придонесот на сончевата светлина и ветерот.

Ветерот може да изгледа како чудна опција за таква сончева локација, но некои региони во земјата богата со нафта, особено долж брегот, имаат поволни услови на ветер што ги прави погодни за производство на електрична енергија. Во овие региони, географската локација овозможува пристап до постојани и сигурни ветрови. Затоа земјата има намера да го користи ветерот и воведува проект за ветерна енергија од 2103,5 MW, предводен од Abu Dhabi Future Energy Company PJSC - Masdar.

Овој проект ќе напојува повеќе од 23.000 домаќинства во ОАЕ годишно и ќе „заштеди“ повеќе од 120.000 тони јаглерод диоксид, што е еквивалентно на отстранување на 26.000 возила од патиштата годишно.

Поради малата брзина на ветерот во ОАЕ, овој извор на енергија претходно не беше практичен. Но, напредокот во технологијата и обновливите извори на енергија ја направија идејата остварлива. Технологијата стана скалабилна и финансиски исплатлива благодарение на поголемите турбини, намалените хардверски трошоци и откривањето на редок метеоролошки феномен кој произведува силни ветрови навечер.

Ветерната енергија сега може да послужи како придонес за сончевата енергија собрана во текот на денот. Овој развој им овозможи на Обединетите Арапски Емирати прв пат да ја вклучат ветерната енергија во својот енергетски микс.

Masdar планира да постигне 100 GW вкупно производство на обновлива енергија до 2030 година и се чини дека ќе успее.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе