Ви се замаглуваат очилата? Решете гo проблемот со еден потег

Како да не се замаглуваат стакленцата? Трикот е едноставен, а стопроцентно ефикасен. Потребна ви е состојка што веќе ја имате дома.

Ако носите очила, сигурно знаете што се случува кога од ладна средина ќе влезете во топла соба - веднаш ќе се замаглат. Уште полошо е ако носите маска. Постои трик како да се спречи оваа појава, а поедноставно не може да биде.

Истурете малку детергент за садови на мека крпа и избришете го стаклото. Оставете ги да се исушат околу 15 минути, а потоа добро избришете ги со крпа од микрофибер, за стакленцата буквално да заблескаат. Следниот пат кога ќе се најдете во иста ситуација, да одите од студено на топло, нема да ви се замаглат.

Трикот е во тоа што детергентот создава тенок слој на површината на стаклото што спречува кондензација на пареата.

Истиот трик можете да го примените на стаклата на автомобилот или дури и на огледалото во бањата. Кога ќе се истуширате и ќе се создаде пареа, огледалото нема да се замати.

Друг производ кој има ист ефект како течноста за миење садови е пената за бричење, а може да помогне и сировиот компир. Пресечете го на половина, а потоа премачкајте ја површината со исечената површина.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе