Винисиус објави компилација од расистички навреди

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, на Instagram објави компилација од расистичките навреди кои ги добивал од трибините во последните месеци.

Последниот нецивилизиран испад на навивачите се случи на гостувањето на Реал кај Валенсија, по што Винисиус реагираше дури и се закани дека ќе ја напушти Шпанија, која ја нарече „земја на расисти“.

Бразилецот ја доби поддршката од Реал и неговата земја, кои покренаа правни процедури со цел да го заштитат фудбалерот.

Винисиус објави компилација од грозоморни навреди кои ги доби од 19 септември минатата година до натпреварот со Валенсија, а главната улога ја имаат навивачите на Атлетико, Барселона, Ваљадолид, Мајорка и Валенсија кои го нарекуваат мајмун имитирајќи мајмунски звуци, а му дофрлаат и „глупава црнчуга“, „негро“, „ќумбе“...

„Секое гостување носи убаво изненадување, а ги имаше многу оваа сезона. Смртни закани, обесена кукла, извици... Сѐ е снимено. На крајот секогаш се сведува на 'изолиран случај', на 'еден навивач'. Но, тоа нер се изолирани случаи, туку стални епизоди кои се протегаат на повеќе шпански градови и ТВ емисии. Доказот ењ во ова видео. Сега прашувам: Колку од тие расисте беа произвани по име, презиме и слика на интернет? Ќе одговорам за да ви биде полесни: Ниеден. Што треба да се направи за да се гонат овие луѓе? Или да се казнат клубовите?“, напиша Винисиус и додаде:

„Зошто спонзорите не ѝ го наплаќаат тоа на Ла Лига? Зарем не смета секој викенд на телевизија да се прикажува ова варварство? Проблемот е многу сериозен и веќе ништо не може да се постигне со разговор...“, напиша, меѓу другото, Винисиус.

реклама

Фудбал

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Read more

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Read more

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Read more

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Читај повеќе
  • play_arrow

Заради ова гледаме фудбал!

Читај повеќе

Гризман сепак ќе остане во Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Германска водителка виновна за наводниот развод на Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Читај повеќе