Вино Скоп преместен на плоштад „Мајка Тереза“

Вино Скоп се поместува на нова локација- „Плоштад Мајка Тереза“ или платото пред МОБ, а почнува во среда, 28 септември. Поради технички причини, фестивалот е поместен на платото пред Македонска опера и балет, односно плоштадот „Мајка Тереза“, одлична нова локација веднаш до реката Вардар, известуваат организаторите.

Организаторите на „Вино Скоп“ се извинуваат поради промената на локацијата, откако веќе објавија дека ќе биде на плоштад „Македонија“, сега објавуваат дека новата локација на 100 метри од плоштадот, до Обвинителството.

Вино Скоп ќе биде отворен за посетители од пладне, а ќе трае се до доцните вечерни часови. Фестивалот оваа година одбележува јубилеј- десет години постоење.

Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарии, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Покрај виното,ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Музичката програма е шаренолика: џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери.

Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние кои што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси. 

Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен. 

„Дојдете да украдеме по некој миг, да вкусиме добро вино, да ја продолжиме традицијата. Да го доживееме модерното со дамки од богатата историја, сплотено во автентичниот свет на виното. Одберете го вашето омилено вино и кренете ги чашите да наздравиме, еднаш за нас, еднаш за Скопје“, порачуваат организаторите.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе