Во Москва е уапсен соработник на основачот на групата Вагнер.
На социјалните мрежи вчера беше објавено видео од Москва на кое наводно се гледа апсењето на Алексеј Слободенјук, соработник на основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.
Слободенјук е вработен во медиумската група „Патриот“, која води мрежа на Telegram канали и е познат по тоа што го критикува рускиот министер за одбрана Шојгу, портпаролот на Кремљ Песков и други.