Владата на Бајден планира санкции кон Северна Кореја и Русија

Владата на американскиот претседател Џо Бајден може да воведе нови санкции за Северна Кореја, но и за Русија, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју во кое го критикува поткопувањето на автономијата на Хонгконг од страна на Кина и предупредува на заканата од иранската нуклеарна програма.

Блинкен за NBC News изјави дека алатките за денуклеаризација на Корејскиот полуостров вклучуваат дополнителни санкции во договор со сојузниците на САД, како и дипломатски стимуланси, кои тој не ги наведе.

Во врска со протестите низ Русија, тој рече дека е „длабоко вознемирен од насилното угнетување“ на демонстрантите и апсењата на луѓето кои бараат ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

– Руската Влада прави голема грешка ако верува дека ова нè засега. Ова се однесува на нив. Нивните влади. Русите имаат фрустрација поради корупцијата, автократија и мислам дека треба да гледаат кон себе, а не нанадвор, рече тој во интервјуто.

Во интервјуто снимено вчера, Блинкен не зборува за одредени санкции против Москва. Тој рече дека размислува за одговорот на акциите против Навални, како и за мешањето на Русите на изборите во 2020 година, хакерскиот напад Солар Винд и наводното мито за Талибанците за убиство на американски војници во Авганистан.

– Претседателот не можеше да биде појасен во разговорот со претседателот Путин, рече Блинкен за телефонскиот повик на Бајден со рускиот лидер минатата недела.

Во интервјуто, Блинкен ги критикува потезите на Кина кон Хонгконг, велејќи дека Пекинг ја нарушува автономијата на островот и оти САД треба да прифатат жители кои бегаат од репресија.

– Ако тие се жртви на репресија од страна на кинеските власти, треба да сториме нешто за да им обезбедиме засолниште, рече тој.

Тој понатаму оцени дека недостигот на транспарентност на Кина во врска со пандемијата на коронавирусите е „голем проблем“.

Блинкен предупреди и дека Иран може да произведе материјал за нуклеарно оружје.

– Може да поминат неколку недели ако Иран продолжи да ги укинува ограничувањата наметнати со нуклеарниот договор од 2015 година, рече тој за договорот од кој поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД, по што и самиот Иран постепено се откажа од одредени одредби.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе