Владата прифати: Недела станува неработен ден

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти на својот Facebook профил премиерот Зоран Заев, кој потенцира дека ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе.

Сојузот на синдикатите на Македонија, исто така, преку соопштение информираше дека е прифатена иницијативата и дека по пат на социјален дијалог со Владата е обезбедено ова право на работниците.

-Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, наведуваат во соопштението и додаваат дека во услови на криза предизвикана од коронавирусот се покажува дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс помеѓу работата и семејството, ССМ во изминатиот период повеќепати предлагаше ден на неделен одмор да биде недела.

Прифатениот предлог од страна на Владата за ССМ претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање правна рамка за почитување на демократските вредности.

-Заедно стануваме пример за унапредување на работничките права, стои во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена треба да достави законско решение за ова прашање. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе