Владимир Панчевски не се појави на рочиштето во кое е обвинет за мобинг

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, не се појави на рочиштето во соседниот суд каде треба да одговара под обвинение за наводен мобинг.

Според објаснувањето на судијката Хилда Мешкова, нејзиниот колега Владимир Панчевски не присуствувал, бидејќи тужбата за мобинг не ја примил тој, туку неговата мајка. Меѓутоа, истакна, дека доколку тој не се појави на рочиштето закажано за 7 февруари, судењето ќе се одржи и без него.

Тужбата што против Панчевски ја поднесе Горан Стаменковски, содржи обвинение дека првиот наводно вршел „перманентен притисок“ врз тужителот додека раководел со скопскиот кривичен суд.

Според наводите на тужбата, сè започнало во април минатата 2016 година кога Стаменковски се појавил на протест на таканаречната „Шарена револуција”. Наводно, Панчевски на фотографија која му била дадена од Министерството за внатрешни работи го препознал Стаменковски, по што следеле закани, намалување на плата и деградирање од работното место и тоа за неколку скалила, иако дотогаш тој извршувал раководни функции, се наведува во тужбата.

Незадоволен од одлуките на Панчевски, Стаменковски одговарал со писмени дописи до него, но тоа не дало резултат По ова, Стаменковски поднел претставка до Државниот пазарен инспекторат кој, пак, по извршен увид во судот, само го констатирал она што го тврдел Стаменковски, но и оваа одлука не била испочитувана од Панчевски.

Владимир Панчевски, освен тужба за мобинг, се соочува и со неколку кривични тужби, а поради неговата дивоградба во центарот на Скопје е во конфликт и со Општина Центар, од каде исто така му поднесоа пријави.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе