Влез во С. Македонија, Србија и Албанија без ПЦР-тест и бесплатно лекување на болни од COVID-19

Скопје, 10 ноември 2020 (МИА) – Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да ги минуваат границите и без ПЦР-тест, а доколку државјанин една од трите земји поради COVID-19 се најде во болница, државата во која се наоѓа ќе ги преземе трошоците за лекување.

Ова, меѓудругото, е предвидено во Меморандум за соработка во услови на COVID-19, кој вчера го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија, Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.

Во Меморандумот се потенцира дека министрите за здравство и лекарите од трите земји ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства во борбата со коронавирусот.

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка меѓу земјите.

– Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од Ковид-19. Граѓаните и, пред сè, носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР-тестови односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар. Сакаме да го олесниме животот на нашите граѓани и да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев.

Северна Македонија, Албанија и Србија, како што кажа, веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување на вакцина за COVID-19 за нашите граѓани.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека здравјето и инфекциите не познаваат национални државни граници и затоа исто така е многу важно тоа што го договориле да не ги затвораат границите, туку заеднички да ја пребродат кризата, заедно да се борат против пандемијата и да продолжат со трговската размена, да ја унапредуваат таа соработка и сите други видови соработка.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека со меморандумите што веќе ги потпишале се предвидува размена на информации и искуства, како и на товарот, колку што е можно во услови на пандемијата со COVID-19.

– Со Софискиот самит, почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се приклучи на иницијативата. Посакувам исто така и другите земји од западнобалканската заедница да се приклучат, истакна Рама, кој додаде дека е многу важно да ѝ се укаже на ЕУ, дека на Балканот му треба поголема поддршка.

Нови мерки за заштита, речиси 1.000 хоспитализирани

Владата на вчерашната  седница донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, откако во деноноќието меѓу неделата и понеделникот беа регистрирани нови 515 случаи позитивни на коронавирусот од 1.293 тестирања, 20 починати и 1.194 оздравени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1.156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890. Според вчерашниот здравствен билтен, во земјава се хоспитализирани 998 позитивни и суспектни на вирусот.

Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов 11 се позитивни, а двајца се во изолација. Од 11-те позитивни, седум се медицински сестри од Клиниката, двајца се доктори, а две се медицински сестри кои се на испомош, информира вчера за МИА од Министерството за здравство.

На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.

Заклучно со вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале, потенцираат од Министерството за здравство.

Владата на вчерашната  седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираат од Владата.

На вчерашната седница беше заклучено поранешни армиски службеници над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции. Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест COVID-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.

Во насока на брзото детектирање на инфицирани со коронавирусот од вчера во Скопје почна тестирање со брзи тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека со овие тестови се детектира коронавирусот, а не антитела. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од пет дена од почетокот до тестирањето.

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Од Министерството напомнуваат дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на COVID-19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

Зошто Винисиус и Белингам се скараа на натпреварот против Баерн?

Read more

Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Read more

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Read more

Јаневска: Новиот закон нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите

Read more

Холандија донира специјализирани возила за МВР за превоз на мигранти и затвореници

Read more
 

Вести

Русија објави мапа на локации во Европа: Ова се мети. Спијте мирно, партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најсмртоносните руски напади врз Украина: Најмалку 17 мртви

Читај повеќе

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Читај повеќе

Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека

Читај повеќе

Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Читај повеќе

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Читај повеќе

Британскиот совет ќе стане Национална агенција за Еразмус+

Читај повеќе