Влез во Србија со негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа

Србија досега има евидентирано 9.943 заразени лица со коронавирус, 209 починати и 2.453 излечени граѓани.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се три лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 209 граѓани, со процент на смртност од 2,10 отсто, беше соопштено на владиниот сајт ковид.рс.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.810 лица, од кои позитивни на вирусот се 95 граѓани, или 1,64 отсто од тестираните.

Вкупно кај 9.943 лица е потврден случај на коронавирус од досега тестираните 128.805 граѓани.

Излекувани се 2.453 пациенти, а најголем процент на заболување од коронавирусот имаат пациентите на возраст од 50 до 59 години (1896 лица).

Се намалува и бројот хоспитализирани во ковид болниците и во привремените центри, во кои заклучно со денес има 1.577 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 45 лица.

Во Србија, со укинувањето на вонредната состојба од вчера повеќе нема полициски час и забрана за движење. Но, остануваат вонредните мерки, бидејќи и понатаму на сила е прогласена епидемија од посебно значење, а граѓаните и понатаму имаат обврска да ги почитуваат заштитините мерки сѐ додека трае опасноста од ширењето на вирусот.

За влез во Србија во иднина ќе биде потребно да се покаже негативен тест на коронавирус не постар од 72 часа.

Оние кои немаат потврда за негативен тест ќе мораат да престојуваат 14 дена во изолација.

За оние кои ќе сакаат да заминат од Србија во странство ќе се почитуваат правилата на таа земја.

Tестот за коронавирус во Србија ќе чини 50 евра.

реклама

Регион

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Read more

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе