ВМРО-ДПМНЕ на протест побара увид во документот од преговорите со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест на три локации во Скопје и во 10 градови низ земјава, на кој побара увид во документот од преговорите со Бугарија. На протестот беше истакнато дека македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од сѐ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, го побара од премиерот Зоран Заев „патоказот“ за решението на спорот со Бугарија.

– Блокираме поради една причина да кренеме свест да го кренеме својот глас за тоа што се случува во позадина, за тоа што Заев и Бучковски го договараат и преговараат, а македонската јавност не знае ништо за тоа, рече Мисајловски.

Тој нагласи дека се собираат на улиците со цел да го кренат гласот, за да се покаже „што стои на маса“, односно дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, за нацијата, за културата за јазикот.

– Сите ние сме за Европската Унија, но има нешто што е поважно од сѐ, а тоа Македонија, македонската држава, нацијата, граѓаните и се разбира идентитетот и јазикот. Затоа повикуваме, да не прават погребни чекори. Ако се транспарентна влада како што најавуваа нека излезат пред граѓаните да покажат што има во тој договор или патоказ, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ќе излегуваат на протести и во следните денови, порачувајќи дека очекуваат власта да каже дали во нивната дипломатска мисија повторно се става идентитетот, јазикот културата на маса.

Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцински потенцираше дека вчера бугарскиот министер за надворешни работи изјавил дека бугарските позиции во овој спор се предвидливи и конзистентни.

– Тоа што е непредвидливо и неконзистентно и нема никаква транспарентност се позициите на Република Македонија. Потребно е граѓаните да знаат за што се преговара, политичката демагогија и флоскулите дека не се преговара за идентитетот и дека не се преговара за историјата или прашањата поврзани со националните малцинства, или прашањата поврзани со јазикот сме ги слушале и претходно. Слушавме дека нема да се преземат такви чекори во надворешната политика, но праксата на владата на СДСМ и ДУИ, посебно во тој однос е попустливост и откажување од тоа што се јавни декларирани заложби пред граѓаните на Република Македонија, рече Муцински.

Тој посочи дека доколку т.н. патоказ инкорпорира позиции кои се прифатливи за нашите граѓани, доколку тој не ги инкорпорира позициите на декларацијата од бугарското Собрание, тогаш веројатно не би требало да има страв од Владата да каже за што точно се преговара во овој процес.

– ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на граѓаните и политички субјекти повикува на одговорност, на се поголема национална свест и да не се дозволи ново национално понижување кое стана пракса. Живееме во држава која е една од најкорумпираните во светот и дефинитивно најкорумпирана во Европа, живееме во држава каде граѓаните секој месец се се посиромашни и држава која е сведок на национални понижувања. Затоа е овој протест, не само во Скопје туку и во други градови ширум Македонија, и во таа насока ќе продолжиме и следните денови, порача Муцунски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, посочи дека без никаква причина при демонстрациите кај Мавровка бил уапсен еден активист.

– Сега сакам да апелирам до полицијата, бидејќи направи еден срамен чин на кој еден млад човек кој излезе да го изрази револтот беше легнат од полицајците беше приведен со лисици уште го чуваат во станица. Ние разговаравме со надлежните што го обезбедуваат овој настан и јас им укажав дека тоа што го направиле е кривично дело затоа што не може да приведуваат граѓани кои не го прекршиле законот. Овој настан беше најавен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и ние кажавме дека уште пред два дена ќе ги блокираме 3 раскрсници во градот Скопје и уште во 9 градови во Република Македонија, наведе Сајкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера истакна дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија и од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент ќе бидат проблем којшто ќе го имаме ние со ЕУ, односно од билатерален проблем, тоа ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и ЕУ.

– Ова можеме да го спречиме само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народ на улиците, во рамките на тоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места Скопје и 10 градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, сѐ додека на јавноста не ѝ биде покажан документот „Патоказ“ или како сакате наречете го, посочи вчера Мицковски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе