ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес

Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес кој имаше за цел притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за уставни измени, ќе има правда и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ по пресудата во корист на Елена Доцевска-Божиновска.

„Криминалното СЈО кое доживеа коруптивно фијаско и случајот 27 април се пример како опстојува владата на ДУИ/СДСМ, злоупотреби, притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.

Стотици семејства и илјадници граѓани беа и сѐ уште се жртви на најмрачниот притисок и брутална хајка преку октроираните судии и обвинители за да СДСМ и ДУИ обезбедат уште некоја година власт. Сите тие кои учествуваа во таа хајка, како и оние слуги обвинители и судии кои беа дел од овие политички процеси по промената на власта ќе се соочат со одговорност.

27 април е случај каде Кацарска докажувајќи се во суровоста доби унапредување во Уставниот суд но и етикета Кацарска судство како синоним за корумпираното судство и неправда под владата на СДСМ и ДУИ.

211 години затвор за 27 април, а Ден Дончев на слобода. 211 години затвор за 27 април а Рашкоски шета слободно. Лидерството на СДСМ ужива во својата бизнис империја, Спасовски и понатаму го штити криминалот и нема одговорност за ниту еден од власта.

И тие луѓе кои се осудени за тероризам на судењето, ќе кажат – бараме правда, да бидеме судени за тоа што сме го сториле, а не за тоа што политички не гонат…

ВМРО-ДПМНЕ е за исправање на неправдата и правда за сите. И правда ќе има веднаш по промена на власта“, се наведува во партиското соопштение.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе