ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се огради од Тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да ја отфрли Тиранската Платформа. Во соопштението објавено денес, партијата го повикува Заев „да собере храброст и да се огради од Тиранската Платформа“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ванхауте ги открил намерите да отвори дебата за федерализација на Република Македонија.

 „За оваа скандалозна изјава на Питер Ванхауте, криминогениот СДСМ молчи, како што молчи и за шокантните изјави на албанската пратеничка Месила Дота, која директно се закани на аболицираниот Зоран Заев дека ако тој отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата исто така се изјаснија и во врска со Специјалното јавно обвинителство, за кое велат дека „нема рационална причина да продолжи неговиот мандат“.

„ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ“, порачуваат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 „Со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Македонија

Бектеши со евтини летови Скопје-Сараево ќе го зголемува бројот на туристи во двете земји

Read more

Пендаровски одлучи да ги потпише законите за Бехтел и Енка

Read more

АХВ: Нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more
 

Вести

Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите

Читај повеќе

Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан, вели доктор од Косовска Митровица

Читај повеќе

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозии одекнуваат на Косово – двајца Срби ранети, ситуацијата повторно тензична

Читај повеќе

Сослушана дадилката на Коста: Тој беше добро дете

Читај повеќе

Бектеши со евтини летови Скопје-Сараево ќе го зголемува бројот на туристи во двете земји

Читај повеќе

Пендаровски одлучи да ги потпише законите за Бехтел и Енка

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа кај Штип, загина возач

Читај повеќе

Кинотеката в среда го отвора летното кино со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Читај повеќе