Во Алабама прв пат погубен човек со помош на азотен гас

Макфакс
/ 26.01.2024 / 10:39

Во американската сојузна држава Алабама осуденик прв пат беше погубен со употреба на азотен гас, кој државата во САД го нарече „најбезболен и најхуман метод на егзекуција досега“, додека противниците тврдат дека методот е суров и експериментален.

Кенет Јуџин Смит (58), осуден за убиство, е усмртен, изјави гувернерот на Алабама, Кеј Ајви.

Тој беше прогласен за мртов во 20:25 часот по локално време во затвор во Алабама. Самиот процес траел 22 минути. На Смит му била ставена маска и преку неа вдишал чист азотен гас предизвикувајќи недостиг на кислород.

Смит беше осуден на смрт за убиството во 1988 година, а властите во Алабама веќе се обидоа да ја извршат казната во ноември 2022 година, со тоа што се обидоа да му вбризгаат смртоносна мешавина од хемикалии.

Меѓутоа, откога оние што требало да ја извршат казната не успеале да пронајдат вена кај Смит, тие се откажале од обидот на полноќ кога истекол федералниот налог за егзекуција. Досега најчесто користен метод на егзекуција во САД е смртоносната инјекција, која е воведена во 1982 година.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе