Во Белград судири помеѓу противниците на ЕвроПрајд и полицијата

Противниците на одржување ЕвроПрајд 2022 во Белград денеска се судрија со српската полиција во близина на Собранието.

Инцидентот почнал кога противниците почнале да фрлаат со шишиња врз автомобилите, ги пцуеле новинарските екипи и се расправале со полицијата.

Според порталот Nova помеѓу противниците бил и расчинетиот монах Антониј, кој со шише го погодил во стомак снимателот на N1. Нападот е пријавен во полиција.

Полицијата во повеќе делови од Белград уапси десетици луѓе, меѓу кои и расчинетиот монах Антониј.

Медиумите јавуваат и за повеќе повредени лица.

Организаторите на ЕвроПрајд изјавија дека и покрај забраната нема да го откажат настанот. Тие ги повикаа учесниците да почнат да се собираат во 16 часот, но групи противници на маршот од утрово се собираат во мали групи во центарот на Белград.

Порталот Nova објави дека по дипломатските напори во преговорите меѓу Европска Унија и кабинетот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, постигнат е договор според кој ќе биде дозволено одржување на ЕвроПрајд.

„Постигнато е компромисно решение со кое ќе се овозможи ЕвроПрајд, по заложбите на еврокомесарката за еднаквост Хелена Дали во нејзиниот личен ангажман за време на преговорите со премиерката“, објави Nova.

Дали е во Белград, како и бројни претставници од ЕУ како поддршка на овогодишниот ЕвроПрајд и остварувањето на правата на ЛГБТК+ заедницата во Србија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе