Во Битола се отвора светски ликовен настан – Прво меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи

Вечерва со почеток во 19:00 часот во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, се отвора Првото меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи – Битола 2023. Ова е најголем ликовен настан во земјава во овој период на годината, а единствен ваков во регионот.

На Првото меѓународно графичко биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023, ќе бидат изложени над 700 дела работени во речиси сите графички техники, како и во скоро сите техники за изработка на цртежи: од јаглен, па сѐ до акварел, акрилик, комбинирани техники итн. Свое учество бележат околу 80 држави со над 400 автори. За оваа голема ликовна, светска манифестација и за нејзиното понатамошно презентирање, веќе пројавија интерес неколку ликовни центри , сакајќи да ја претставуват, популаризираат, афирмираат и во нивните средини.

Големиот одѕив и бројот на присутните дела ја позиционираат оваа ликовна меѓународна манифестација во високо рангиран контекст. За обележување е и специјалното присуство, односно одбраните колекции на 50 автори од Кина, кои настапуваат како специфичен и авторски, кинески павилион, колекцијата на околу шеесетина автори од Италија, во избор на истакнатата италијанска графичарка Валериа Бертесина. Присуството на најистакнатите полски графичари, една од најзначајните графички средини во светот. Како и големиот интерес на автори од скоро сите држави на Латинска Америка од Мексико, Бразил, Аргентина. Битола дефинитивно е светски ликовен центар, со што македонската култура воопшто, е претставена со истакнато значење и придонес од интернационален карактер.

За изложбата се подготвува обемен каталог кој што ќе биде доставен до сите учесници, како и институции а воедно ќе биде позициониран на интернет платформи на кои се позиционирани каталози и книги од овој вид, со што ќе биде достапен до сите заинтересиран низ целиот свет. Автор и носител на проектот е ликовниот уметник и кустос Владо Ѓорески, кој оваа изложба ја поставува во соработка со КИЦ Битола.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Култура

Виртуозниот виолинист Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија

Read more

Сензибилната трансформација на Дурацовски

Read more

Предновогодишна концертна бајка на Сара Мејс, Крисмас Грлс и Камерниот оркестар на Битола

Read more

Париски рефлексии во Офицерскиот дом во Битола

Read more
 

Вести

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе

Поради Лавров: Украинскиот министер Кулеба не доаѓа на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Читај повеќе

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Читај повеќе