Во британската цртана серија за деца, „Peppa Pig“, за прв пат се појави истополов пар.
Имено, во епизодата која синоќа беше емитувана на британскиот канал Channel 5, поларната мечка по име Пени изјави дека има две мајки.
„Јас сум Пени поларната мечка. Живеам со две мајки. Едната е докторка, а другата готви шпагети. Обожавам шпагети“, рече таа.
„Peppa Pig“ е наменета за деца од претшколска возраст. Се емитува од 2004 година и досега има 7 сезони со вкупно 368 епизоди.
Петицијата за вклучување на истополови парови во оваа цртана серија беше лансирана во 2019 година. Собрани се речиси 24 илјади потписи.
Инаку, членовите на ЛГБТ заедницата ја нарекоа Peppa Pig геј икона по објавувањето на нејзиниот албум со песната „Rainbow, Rainbow“ (Виножито, виножито).