Во ЕУ во 2020 година повеќе починати од рак отколку од коронавирус

МИА
/ 03.02.2021 / 15:34

Европската комисија денеска го презентираше Европскиот план за борба против ракот, кој се базира на новиот пристап на ЕУ кон превенција, лекување и закрепнување од последиците од оваа болест.

Во Брисел наведуваат дека Европскиот план за борба против ракот е здравствен, научен, политички и оперативен приоритет на ЕУ, за што се издвоени 4 милијарди евра.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вели дека во 2020 година во Европа умреле двапати повеќе луѓе од рак отколку од COVID-19.

– Во 2020 година изгубивме 1,3 милиони Европјани од оваа болест. За жал, бројот на случаи е во пораст. Затоа, денеска го презентираме Европскиот план за борба против ракот. Борбата против оние кои се противат на ракот е наша заедничка борба во Европа, рече Фон дер Лајен.

Планот за борба против карцином е структуриран околу четири клучни области: превенција, рано откривање, дијагностицирање и лекување и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со рак и оние кои го победиле.

Посебен фокус ќе биде на децата, започнувајќи ја иницијативата „Помагање на децата заболени од рак“ за да им се обезбеди пристап до брзо и оптимално откривање, дијагностицирање, лекување и нега.

Најавено е и покренување на Центар за знаење за ракот, кој ќе помогне во координирање на научните и техничките иницијативи поврзани со борбата против ракот на ниво на ЕУ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Ново

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе
  • filter

Ferrari 12Cilindri од секој агол

Читај повеќе