Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со COVID-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај.
Пандемијата во Германија воглавно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат за новите случаи на заразени со коронавирус.
Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ оцени дека порастот на новозаболеми лица е последица на непридржувањето на правилата за физичка дистанца, како и на пристигнувањето на патници од странство.
Во Германија досега се потврдени 209.653 сличаи на новиот коронавирус, а починале 9.148 луѓе.