Во Грција освен со ПЦР ќе може да се влезе и со брз тест, привремената мерка важи за сите над 5 години

Освен со ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, во Грција, од недела ќе може да се влезе и со негативен брз тест направен 24 часа пред пристигнувањето, објасни алтернативната министерка за здравство на Грција, Мина Гага на денешната редовна прес-конференција за текот на пандемијата во земјата, додавајќи дека мерката важи за сите над 5-годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.

Гага рече дека мерката ќе се спроведе на сите влезни точки и „се однесува на сите што влегуваат во земјата, Грци и странци, вакцинирани или не, над 5-годишна возраст“, а одлучено е, како алтернатива да постои и опцијата брз тест за да се избегнат евентуалните проблеми поради затворени лаборатории заради празниците.

Паралелно, го повтори она што претпладнево го објасни портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому дека станува збор за привремена мерка за периодот околу божикните и новогодишните празници и за да се спречи ширењето на омикрон.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Иконому истакна дека „оние кои ќе доаѓаат во земјата од странство на било кој начин, или авионски или со возила преку копнените граници, дури и да се вакцинирани ќе треба да имаат ПЦР тест од 72 часа“.

– Тоа е вонредна мерка за празничниот период, со апсолутно конкретна филозофија. Колку што можеме повеќе да контролираме и да забавиме поголемо ширење на омикрон, со цел  да добиеме време за зголемување на имунизациската покриеност со бустер дозата. Со оглед на тоа дека овој период ќе има раздвиженост или со наши сограѓани кои ќе се вратат во земјата за празниците или граѓани кои ќе одат во странство и ќе се вратат, неопходна е мерка што, како што знаете ја спроведуваат и останатите европски земји, а карактерот ќе биде привремен. Во однос на временскиот период не би сакал од сега да се обврзам со точниот датум на траење, но генерално е за овој период околу празниците, рече Иконому одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа дека мерката се однесува на сите земји, важи и за туристите од Северна Македонија.

Исклучок постои за оние патници кои во земјите престојувале помалку од 48 часа.

Детали околу конкретната мерка, како што е пракса во Грција, ќе има во министерската одлука што дополнително ќе биде објавен во Службен весник.

Како што вчера објави МИА, мерката ја соопшти Министерството за здравство на Грција и првично беше дека тестот треба да биде 48 часа, додека пак портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, претпладнево објасни дека тестот треба да биде 72 часа пред патувањето, а сега се воведува и можноста за брз тест.

Тагови
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе