Во Хрватска пуштени 50.000 увезени комарци

Илјадници увезени комарци беа пуштени во Истра, поточно во Премантура и Медулин. Станува збор за стерилни машки тигрести комарци од чии убоди не треба да се стравува, бидејќи ослободувањето на таквите комарци има за цел да го намали нивниот број.

Овој пилот проект има за цел преку стерилни единки да ја намали популацијата на тигрести комарци.

„Тоа е инвазивен странски вид кој се населил овде и станал доста прилагоден, и ги поместува нашите родни видови, а исто така е потенцијален носител на болести“, изјави за HRT ветеринарката Ивана Кирин.

Со имплементација на нов метод за борба против комарци, таканаречена SIT техника, ќе се намали ризикот од болести. Недиљко Ландека од Наставниот Институт за јавно здравје Иж вели дека тоа е биолошки прифатлив метод.

„Тоа е прифатливо и за животната средина бидејќи не се испуштаат пестициди. По парењето на стерилните мажјаци и дивите женки што ќе ги најдат таму, јајце клетките нема да се оплодат и бројот нема да се зголемува“, објаснува Ландека. По пуштањето во дивината, состојбата ќе се следи на два начина.

„Комарците што ги пуштаме секој понеделник добиваат посебна боја за кога повторно ќе ги фатиме да можеме да кажеме од каде дошле, од кој датум бил тој комарец и колку долго успеал да преживее“, нагласува Ландека.

Ветеринарката Кирин вели дека ќе се намали и бројот на комарци со поставување стапици. Таа наведува дека во моментов во Премантура ги има 20.

„Тоа е една даска во вода на која женките ги положуваат јајцата“, објасни Кирин за HRT.

Секој понеделник, до 1 август, ќе бидат пуштени 50.000 стерилни единки. Целта е да се намали популацијата на тигрестите комарци во областа на округот Истра, како и да се намали употребата на инсектициди во животната средина.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе