Во кои земји досега е регистриран новиот сој омикрон?

Омикрон, новата загрижувачка варијанта на коронавирусот, пристигна во Европа и првпат беше пријавена до Светската здравствена организација (СЗО) од Јужноафриканската Република на 24 ноември.

Прелиминарните докази сугерираат дека оваа варијанта има зголемен ризик од повторна инфекција и може да се шири побрзо од другите, но се чини дека не предизвикува сериозни симптоми. Она што загрижува е големиот број мутации на овој сој, поради што не може со сигурност да се знае како некои од нив ќе реагираат.

Поради таа неизвесност, европските земји итно реагираа и веднаш ги затворија воздушните граници додека научниците во меѓувреме не дознаат повеќе информации за новата варијанта.

Новиот вид е потврден во Боцвана, Зимбабве, Кина и Израел, додека Белгија е првата европска земја која има ваков тип на вирус. Освен во Белгија, неколку случаи се пријавени и во Италија, Германија, Обединетото Кралство и Чешка.

Германија ги потврди првите два случаи на инфекција со омикрон кај две лица во Минхен, објави баварскиот министер за здравство. Двајцата пристигнале со авион од Јужна Африка на 24 ноември.

Првиот случај на новата варијанта омикрон во Италија е регистриран кај маж кој се вратил од Мозамбик во областа Неапол, соопшти вчера Високиот здравствен институт (ISS).

Регионалната болница во северна Бохемија вчера соопшти дека детектиран е случај на омикрон варијантата кај пациент позитивен на COVID-19.

Во земјите од регионот сè уште не е откриен случај на овој нов сој на коронавирус, а континуирано се врши мониторинг и анализа.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе