Во која земја најмалку се работи, а најмногу се ужива?

Рамнотежата меѓу деловните обврски и приватниот живот сѐ повеќе се истакнува како важен фактор за живот, да се постигне рамнотежа не е едноставно, особено ако ги земеме предвид начинот и трошоците за живот во големите светски градови.

Но, ако ве интересира кои народи успеваат најдобро да ги вклопат работата и слободното време, погледнете ги резултатите од новата студија.

Во обѕир се земени параметри како просечен број на работни часови неделно, должина на годишниот одмор, процент на жители кои имаат непречен сон во текот на ноќта, животен век, чувство на среќа кај испитаниците во секоја земја опфатена со истражувањето.

По сите критериуми, на врвот е Луксембург и тоа благодарение на системот според кој работодавачот ги наградува вработените, како што стареат ,со повеќе денови годишен одмор. Така, работниците постари од 55 години во оваа земја во просек имаат 36 дена платено отсуство во годината.

Австрија и Данска се на второто и третото место, на работниците им даваат минимално 25 дена платен одмор годишно.

Погледнете ја топ 10 листата со земји во кои луѓето очигледно најмногу уживаат во животот:

1. Лускембург

2. Австрија

3. Данска

4. Норвешка

5. Финска

6. Шведска

7. Франција

8. Белорусија

9. Холандија

10. Швајцарија

Обединетото Кралство е на 17. место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина испитаници навеле дека во просек спијат по 7,5 часа во текот на ноќта, што е добар резултат.

САД се најдоа на 87. место затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани платените денови од одморот, а дел од испитаниците се незадоволни од квалитетот на сон во текот на ноќта.

Земји кои се најлошо рангирани се Кина, Мексико и Малезија, во сите три земји во просек се работи 46 часа неделно. Со оглед на тоа што работното време е значително подолго, очекувате вработените да добијат повеќе слободно време. Но, не е така.

Во Кина луѓето имаат 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе