Во Колумбија откриени потонати бродови натоварени со злато

Колумбиските поморски офицери кои го надгледуваа местото на бродоломот на галијата „Сан Хосе“ открија уште два одамна потонати брода во близина, изјави колумбискиот претседател Иван Дуке.

Галијата „Сан Хосе“, за која историчарите веруваат дека носела богатства што денес би вределе милијарди долари, потонала во 1708 година во близина на колумбискиот пристанишен град Картагена. Потенцијалното извлекување на потонатиот брод е предмет на тужби со децении.

Подморница со далечинско управување која нурна на длабочина од 900 метри откри нова снимка од потонатата галија, изјавија Дуке и поморските офицери во видеопорака.

Подморницата открила уште два потонати брода во непосредна близина - колонијален брод и пловило за кои се верува дека се од истиот историски период, Колумбиската војна за независност од Шпанија, пред околу 200 години.

„Сега имаме две нови откритија во истата област, кои претставуваат нови можности за археолошки истражувања. Така, работата допрва започнува“, рече адмиралот Габриел Перес.

Новите снимки од „Сан Хосе“ го дадоа најдобриот увид во богатството кое оваа галија го носеше досега. Беа снимени златни плочки, златни монети, топови направени во Севиља во 1655 година и зачувани порцелански садови.

„Идејата е да се собере сето ова и да се создаде одржлив финансиски механизам за идни истражувања. На овој начин ќе го заштитиме богатството, наследството на галијата 'Сан Хосе'“, рече претседателот Иван Дуке.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе