Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 443

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет нови приеми на пациенти, а 13 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.

Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изурината до 8 часот имало 50-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе