„Во младите е силата”: Интервју со Лука Кржалоски, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Лука Кржалоски е млад човек на сериозна и одговорна позиција, кој од неодамна застана на чело на подмладокот на партијата која после долго време ги живее своите денови во опозиција.

Лука, што ве мотивираше како млад човек да влезете во политиката?

Воден од желбата да дадам свој придонес за земјата во која живеам, истовремено да направам нешто за промена на животот на младите во Македонија беа клучните причини поради кои од млади години започнав да се занимавам во политика. Дополнително, фактот дека ВМРО-ДПМНЕ беше и сè уште е политичката партија која верува во младите луѓе и им дава простор и можност да се докажат и да ги реализираат своите идеи и визии, за мене беше дополнителна мотивација да ја донесам клучната одлука и да почнам да се занимавам со политика. 

Задоволство е кога знаеш дека правиш нешто за твојата генерација, твоите врсници и твојата татковина. Придонесуваш за подобро утре и за твоите другари и за сите луѓе да живеат во подобро општество.

Надвор од политичките ангажмани, кој е Лука Кржалоски приватно?

Надвор од политички ангажмани Лука Кржалоски е човек кој сака да ужива во животот, да прошета, да се напие кафе со пријателите, да посети некое историско место во Македонија и да поминува време со најблиските и семејството. За жал, политиката е професија која приватниот живот го сведува на минимум, а обврските поврзани со Унијата на млади сили ги потиснуваат приватните обврски. Но, никогаш не сакам да ги заборавам другарите и луѓето кои приватно ми значат.  Знам да отидам навечер на базен, да договорам партија фудбал со пријателите, да организирам пријателски ручек, кафе или пијачка во скопските дискотеки... И, секако Лука Кржалоски не би бил тоа што е без девојка ми која заслужува и добива значен дел од моето слободно време.

Спорт, природа или излегување по скопските кафулиња и клубови?

Се обидувам да искомбинирам што повеќе активности во еден ден. Се трудам да постигнам баланс, затоа што само така сметам дека денот ми е исполнет со квалитетни луѓе и настани.

Гледам колку што можам сите три работи да ги усогласам подеднакво, односно  да живеам здрав и спортски живот – онаков каков што му доликува на секој млад и здрав човек, да поминувам доволно време во природа – затоа што тоа е добро за здравјето, и колку што ми дозволуваат работните и приватните обврски, да поминам време со пријателите и сопартијците и да излеземе во некое кафуле или дискотека.

Секогаш потенцирам дека младите треба да спортуваат, да го одржуваат духот и телото, да минуваат време во природа која помага да имаме бистри мисли и енергија за да се справуваме со сите секојдневни предизвици. Сепак, не треба да се запостави социјализацијата со младите од нашата генерација, а кафулињата и дискотеките се најдоброто место за тоа.

Дали млад човек како вас може да влијае на носењето одлуки кои влијаат на подобрување на животот на младите во Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ е партија која силно верува, посветува големо внимание, инвестира и се потпира на младите луѓе, а јас сум човек кој пред сè го мотивира младите да размислуваат и да бидат проактивни. И токму преку Унијата на млади сили младите луѓе влијаат и се вклучени во креирањето на политиката на партијата.

Во изминатиот период на најразлични начини младите учествуваа во извршната власт, а сега во опозиција токму УМС е една од носечките столбови на партијата. Активно сме вклучени во секојдневните активности кои ги има партиската структура,  моментално учествуваме во изработката на партиската програма, паралелно работиме на зајакнување на капацитетите на УМС за и во иднина да бидеме кадровски подготвени за предизвиците кои ни следат.

Што ве привлече да ја одберете ВМРО-ДПМНЕ како партија?

Можеби е подобро да кажам дека идеолошки ВМРО-ДПМНЕ ме избра мене. Тоа е партија позиционирана десно од центарот и како таква секогаш посветувала внимание на конзверативните вредности во општеството, водејќи сметка да се зачуваат, негуваат и надградуваат националните карактеристики на нашата држава. Како млад човек кои е воспитуван во десничарски дух, и кој растел и живеел со овие вредности, воопшто немав дилема дали ВМРО-ДПМНЕ е партијата за која треба да живеам и работам, посветувајќи голем дел од моето време. И сакам да напоменам дека од првите почетоци уште во средношколските години, па до денес, ниту еднаш на сум имал дилема дали сум на вистинскиот пат. Напротив, како што годините поминуваат така сè повеќе сфаќам дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата во која треба да се препознае секој млад човек, затоа што во сите години од формирањето до денес, таа посветува огромно внимание на младите, нивните интереси и нивниот напредок.

Дополнително, фактот што последните неколку години ВМРО-ДПМНЕ постојано е во одбрана на виталните национални интереси уште повеќе ме мотивира да работам и да се вложувам во неа.

Дали политичкиот ангажман бара одредени отстапки, промени и поинаков животен стил?

Политичкиот ангажман и дополнителните обврски кои го носи со себе, бараат големи и сериозни отстапки. Но, јас подолго време сум дел од политиката и за мене ова не е нешто ново и непознато. Пред да станам Претседател на Унијата на млади сили бев на неколку важни партиски позиции и можам да кажам дека прилично подготвено и лесно се справив со овој предизвик и не ми преставуваат посебно оптоварување обврските и темпото кои ги диктира оваа позиција. Напротив, дополнително ме мотивираат.

За секоја работа, па и за оваа, доколку ја работиш „од срце“, а во овој случај е така, никогаш нема да ти биде тешко и секогаш ќе наоѓаш време за останатите работи во животот.

Кој е најголемиот предизвик со кој се соочуваат младите во Македонија во денешно време и дали имате политики или стратегија кои би им помогнале?

За жал, младите во Македонија се на маргините на општествениот развој. Нема ден без корупциски скандал, без реваншизам кон неистомислениците, неисполнети ветувања и на локално и на централно ниво. Но сега нема никаде да ги слушнете нашите политички противници – за ниту едно прашање. Најиритирачки е што неспособноста се затскрива позади честото споменување на евроинтеграциите, а во суштина се кршат европските стандарди во сите сфери на живеење.

Но, УМС е свесна за потребата од нови решителни правци за надминување на овие проблеми. И ова не се празни зборови. Заедно со искусен и млад тим, амбициозно работиме на стратегија за млади со која ќе одговориме на предизвиците и со која ќе понудиме остварлива алтернатива на сивото секојдневие. Идејата е да ги базираме решенијата на правци кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти да останат да работат во Република Македонија, кои ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, и ќе ги подобрат севкупните економски состојби. Целта е да понудиме остварливи цели за нормализирање на животот на младите. Важно е да се напомене дека младите од цела држава се свесни дека имаат искрен партнер во УМС и значително придонесуваат во изработката на оваа стратегија.

Дали сметате дека младите во Македонија се доволно пoлитички свесни? Што би им порачале на младите кои не сакаат да бидат пасивни набљудувачи, туку имаат страст да дадат активен придонес во решавање на проблемите и подобра иднина за сите?

Унијата на млади сили претставува докажан и прогресивен политички подмладок позади кои стои квалитетна, едуцирана младина со силни политички амбиции која е свесна за своите можности, права и обврски кон младите во државата.

Природно е некои млади луѓе да се позаинтересирани за политика од некои други. Но, треба да ни е јасно дека само со директен ангажман на младиот човек може да се очекуваат промени. Во историјата останале запаметени оние луѓе кои направиле нешто за светот во кој живеат. Ниту една книга не е напишана за човек кој немо набљудувал што се случува во општеството. Фактот дека Македонија во моментов е „заробена“ од една ненародна власт која нема слух за проблемите на граѓаните, а која истовремено врши сериозен финансиски криминал трошејки ги парите на граѓаните за финансирање партиски проекти, е дополнителен мотив за секој млад човек да се обиде преку политиката да направи нешто подобро за себе и своите блиски.

УМС била и ќе биде отворена за секој млад човек кој верува во себе, во своите врсници и во иднината на земјата во која живее.  Неодамна го промовиравме хаштагот #ВоМладитеЕСилата со кој ги повикуваме сите млади да станат дел од нашата организација.

Koj совет би им го дале на младите кои за прв пат ќе добијат право на глас на наредните избори?

Не би сакал да бидам тенденциозен и да ги убедувам младите дека по секоја цена треба да застанат и да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ. Младите се самосвесни и проникливи. Затоа, ќе апелирам да ги стават работите „на вага“ и да премерат. Кој е оној политички субјект кој овозможи школување за најдобрите студенти од Македонија на најпрестижните универзитети во светот. Кој е оној кој градеше спортски сали, патишта, концертни арени, паркови.  Од друга страна, кои се личностите кои ветуваа „мед и млеко“, а во една година не сработеа ништо. Кој работеше на терен, а кој стана познат по наместени средства за „иновации“, нула економски раст и крах во образованието.

Дополнително, во стратегијата и програмата кои ги споменав, силно верувам дека младите ќе се пронајдат и ќе видат кому потребите на младите му се приоритет. Сè на сè, искрено верувам во младиот човек во Република Македонија. Сигурен сум дека секој млад човек ќе го направи она што е добро за себе и за средината на која припаѓа. А Унијата на млади сили ќе биде партнер кој тие ставови ќе ги преточи во решенија и политики за напредок на нашето општество.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе