Во победничкиот говор Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и најави создавање на тампон зона

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој, исто така, се закани дека ќе ги третира „предавниците“ од волонтерски формации „како да се во воена зона“.

Во говорот во изборниот штаб Путин рече дека наводно високата излезност на изборите е последица на драматичните настани низ кои поминува земјата.

„Ние сме принудени буквално да ги браниме интересите на нашите граѓани со оружје во раце“, цинично рече тој, мислејќи на вооружената агресија против Украина.

Зборувајќи за предизвиците на неговиот нов мандат, рускиот претседател рече дека е неопходно да се решат задачите на специјалната воена операција (како што Русите ја нарекуваат војната во Украина) и да се зајакнат одбранбените капацитети и вооружените сили.

Тој исто така рече дека на сите агенции за спроведување на законот ќе им биде наложено да го разоткријат секој што со оружје се бори против Русијаж.

Според Путин, претставниците на рускиот волонтерски корпус „се фрлаат како топовско месо во мелница за месо на државната граница“. Тој го спореди РВЦ со војската на Власов (Руси кои се бореле на страната на Германците во Втората светска војна) и тврди дека од 1.500 доброволци „околу 800 луѓе биле убиени“.

Претседателот рече дека во Русија нема смртна казна, но „ќе се однесуваме со предавниците како да се во воена зона“.

Путин, исто така, рече дека Русија „е за мировни преговори, но само ако не се затоа што на непријателот му снемува муниција“.

Путин изјави и дека Русија во одреден момент би можела да создаде „санитарна зона“ (тампон зона) на територијата на Украина. Тврдеше дека ќе биде толку длабока што средствата за уништување, пред сѐ на странското производство, тешко ќе ја надминат.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе