Во Појасот Газа откриени римски гробишта стари 2.000 години

Римски гробишта стари 2.000 години, во чиј склоп има најмалку 20 гробови, се откриени во близина на северот на Појасот Газа, станува збор за најважно локално откритие во изминатата деценија.

Газа е богата со антиквитети, бидејќи била важна трговска точка во бројни цивилизации, од старите Египќани и Филистинците опишани во Библијата, па низ Римското царство и крстоносните војни.

Меѓу урнатини откриени на таа територија се наоѓаат и оние од времето на Александар Македонски и инвазијата на Монголите.

Досега се откриени 20 римски гробови и се очекува вкупно да се лоцираат 80 гробови на површина од 50 метри квадратни. Отворени се два гроба, во едниот имало посмртни останки, а во другиот глинени предмети.

„Поради обликот на гробовите и релативно орнаментираните декорации, тие веројатно припаѓаат на високо рангирани луѓе во Римското царство, од првиот век“, соопшти Џамал Аби Рида Министерството за туризам и антиквитети во Газа.

За Разлика од муслиманските гробови од подоцнежните периоди, свртени кон север или југ, римските гробови се свртени кон исток или запад.

„Имавме неколку откритија во минатото, но ова е најважното археолошко откритие во последните 10 години“, истакна Абу Рида.

Тоа подрачје е затворено за новинари и јавноста додека локацијата не се организира и обезбеди за посетители. Гробовите биле пронајдени од градежни работници кои работеле на проект за изградба на станбени згради, со помош на египетско финансирање.

Кога работниците наишле на големи дрвени цигли од гробовите, веднаш престанале со работа и ги повикале археолозите, пренесе Reuters.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе