Во полициска акција уапсени тројца Македонци припадници на ИСИС

Од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територијата на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска Држава (ИСИС) и како борци активно учествувале во воените дејства.

„Во изминатиот период, лицата О.С. (28), Р.С. (33) и М.Г. (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територијата на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија. Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С. и Р.С., каде што се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди, кои може да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.

Во согласност со обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело служба во непријателска војска предвидено во член 322 од Кривичниот законик“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Тагови
реклама

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе