Во пожарите во Турција загинаа четири лица, евакуирани стотици луѓе

Едно лице загина во пожар во турскиот град Мармарис во провинцијата Мугла и со тоа бројот на жртви од повеќедневните пожари во Турција се искачи на четири лица.

Во Мармарис загина мотоциклист, кој обидувајќи се да побегне од пожарот, останал заробен од огнот.

– Бројот на жртвите од шумските пожари во јужна Турција е четири лица, изјави министерот за земјоделство и шумарство на Турција Бекир Пакдемирли.

Екипи на терен се обидуваат да го стават под контрола и пожарот во подрачјето на Аланија во турската област Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА). Пожарот, од засега неутврдени причини, избувнал во шумското подрачје во населеното место Јеникој. На терен се наоѓаат голем број екипи кои од воздух и од копно се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој се приближи до населеното место.

Шумски пожари избувнаа во последните неколку дена во јужните турски области Мерсин, Османије, Адана, Анталија, Кахраманмараш. Пожари избувнаа и во југозападната област Мугла и централните турски области Кириккале и Кајсери.

Од хотел во Бодрум вчера превентивно беа евакуирани и околу 100 руски туристи. Руската Амбасада соопшти и дека три руски противпожарни авиони биле вклучени во гаснењето на пожарот.

Големи пожари беснеат во осум окрузи во јужна Турција. Напорите на надлежните служби за ставање под контрола на 10 активни пожари продолжуваат со 1.832 пожарникари, три авиони, 29 хеликоптери и 458 цистерни со вода, пренесува Анадолија.

Шумските пожари избувнаа завчера во Манавгат, Анталија, уште се активни и се проширија на поголема површина. Во нив загинаа три лица, а 122 се повредени. На лекување се 58 лица, погодени од пожарите. Според Дирекцијата за справување со катастрофи и итни случаи (АФАД), вкупниот број на повредените е 183.

Турските пожарникари се борат и со ставање под контрола на пожарите во турските области Адана и Мерсин. Во Мерсин, населението што живее во области близу пожарите е евакуирано.

Пожарникари се ангажирани и во Козан во јужната турска област Адана каде што избувна пожар во шумското подрачје на Кизларсекиси. Властите рекоа дека силниот ветер ги разгорел пожарите низ регионот и ги отежнува напорите за нивно гаснење.

Турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли изјави дека во пожарите настрадале и 150 говеда, илјада овци, 600 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се и 50 хектари оранжерии.

Температурите од речиси 40 Целзиусови степени и ветерот што дува со брзина од 50 километри на час придонесе за ширење на огнот.

– Граѓаните кои претрпеа штета во пожарот ќе ја добијат целата неопходна помош, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, притоа најавувајќи истрага за пожарите.

Турскиот министер за животна средина Мурат Курум истакна дека се мобилизирани државни средства со цел спречување и санирање на последиците од пожарот.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе