Во Скопје прва парада на гордоста и марш за заштита на семејството и бракот

Скопје, 30 јуни 2019 (МИА) – Во Скопје вчера се одржа првата Парада на гордоста на ЛГБТИ заедницата, под засилено полициско обезбедување. На маршот беа присутни голем број граѓани, кои го вееја знамето во боите на виножитото – симболот за оваа заедница. Паралелно со „Скопје прајд“ се одржа и марш на „Сојузот за живот“, на кој беа испратени пораки за заштита на вредностите на традиционалното семејство и бракот.

Парадата на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе беше поддржана од политичари од власта како и од дел од дипломатите во земјава.

Учесниците на парадата се движеа од паркот Жена борец, преку улицата „Рекорд“, покрај зградата на Владата, а заврши кај „Школка“ во градскиот парк.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на првата Парада на гордоста рече дека веруваме во општество кое е еднакво, кое дава шанса за секој еден човек.

„ЛГБТИ заедницата постои и таа е тука помеѓу нас и сите ние заедно ако не си го признаеме тоа и ако не си го покажеме вака видливо, губиме голем потенцијал во државата, а тоа нема да го дозволиме. Ќе се бориме се до моментот додека секој од нас неможе слободно да љуби и тоа јавно да го покаже“, рече Царовска.

Побара поддршка за сите оние кои со години беа невидливи и дискриминирани и ветување дека никогаш нема да се повтори насилство во нашата држава.

В.Д. амбасадорката на САД во нашата земја, Микаела Швајцер-Блум рече дека голема делегација од американската амбасада учествува на Парадата и дека со тоа ја слават 50. годишнина од немирите од Стоунвол што покренаа едно глобално движење.

„Оваа година Скопје се приклучува на повеќе од 70 земји во славење на ЛГБТ гордоста. САД се многу горди што се дел од овој настан. Во Северна Македонија има голем напредок во признавање на ЛГБТ заедницата, но се уште има многу работа. Луѓето треба да се потсетат дека дискриминацијата никому не помага и ние сме тука како претставници од амбасадата и владата на САД со цел да се направи уште поголем напредок по овие прашања во Северна Македонија“, потенцира Швајцер-Блум.

Кочо Андоновски од организацискиот одбор од ЛГБТ, рече дека овој настан денеска е резултат на претходните години кога, како што рече, транс луѓето беа жртви на најгрозоморни напади, кога им се загрозува правото на здравје, на живот и образование.

„Ние сме тука затоа што тој говор на омраза не е адресиран, нуту е казнет и се уште не е разрешено насилството врз ЛГБТ центарот. Денес сме тука затоа што Министерството за труд и социјална политика  првпат ги покрива скоро половина од трошоците за ЛГБТ, тоа е засолниште за најранливите во нашата заедница. Денес сме тука затоа што Град Скопје препозна  дека на нашата заедница и треба безбеден простор да го развива своето изразуцвање. Денес сме тука заради сите вас, заради вашата одважност што дојдовте тука“, истакна Андоновски и порача дека „никој не е слободен додека сите не се ослободат“.

Паралелно со Скопје прајд, преку Декларација за заштита на бракот и семејството и мирен марш низ центарот на Скопје, 19 граѓански здруженија и неформални групи од граѓанско – верската платформа „Сојуз за живот“ побараа зачувување на традиционалните семејни вредности со почитување на бракот како заедница меѓу маж и жена, спротивставувајќи се на редефинирање на семејството, бракот, полот и родот.

„Бог, брак, семејство, смисла“, „Само животот има иднина“, „Полот и родот се биологија, а не  идеологија“, „Мајка и татко-темелен покрив“, „Плодот во утробата има права“, „Пропаганда стоп“,  беа дел од транспарентите на маршот.

Под мотото „Сведоштво за семејството“ пораки за зачувување на вредностите на традиционалното семејство и бракот упатија и претставници на МПЦ- ОА, Католичката и Евангелистичката црква во државава и од невладини организации.

„Се собравме на ова сведоштво не со цел да бидеме против некого, туку за да засведочиме за она што е единствено вистинско и живоодржливо. Нема ништо поживо, попоттикнувачко и поодржливо од бракот и семејството. Затоа испраќаме порака до оние кои имаат моќ да одлучуваат, моменталната и идните власти, дека како граѓани и како верници од сите традиционални верски заедници во Македонија не се согласуваме и не го прифаќаме процесот во западните земји кој има за цел редефинирање на бракот, семејството, полот и родот.  Покрај порака упатуваме и загриженост за последиците од  тие процеси“, рече отец Ивица Тодоров од МПЦ – ОА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе