Во средината на јуни би требало безбедно да ги пуштиме децата во градинките

Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје ги објасни причините зошто Комисијата се одлучи да препорача укинување или намалување на рестриктивните мерки.

Караџовски рече дека во последниве 14 дена се направени речиси 1.500 тестирања на 1 милион жители.

„Комисијата за заразни болести направи една анализа и констатиравме дека соодветно се почитуваат нашите препораки и алгоритми, при што нашите препораки дадоа одредени резултати, со цел на време да го фатиме нулта случајот. Сега одиме на едно пошироко тестирање на населението, како тестирање на вработените во градинките, при што во средината на јуни би требало безбедно да ги пуштиме нашите деца во градинките. Во наредниот период ќе ги тестираме здравствените работници, таксистите, полицијата. Ќе направиме 10.00 тестирања. Процентот на позитивните случаи е 5,7 од вкупниот број на тестирани, во последните 14 дена. Ние рековме дека кога ќе достигнеме околу 5 посто позитивни од тестирани, ќе почнеме со олабавување на мерките“, рече Караџовски.

Караџовски не очекува зголемување на бројот на заразени, иако, рече, може да има инцидентни случаи, како што беа во изминатите денови од разни свечености на кои не се почитуваа забраните за собирања, движење и за близок респираторен контакт.

„Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола“, рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна болница.

Во моментов има, рече тој, само 59 хоспитализирани на Инфективна клиника, 22 во ГОБ „8 Септември“ и дваесетина пациенти во инфективните одделенија во болниците низ државата.

Соопшти дека пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола и оти се познати лицата кои се во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминати 15-ина дена.

-Никаде во светот не може денес да ви рече некој што ќе се случува за месец, два, три. Меѓутоа, цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот слабее. Според податоците од земјите на ЕУ, каде се намалува бројот на заболени, за неколку стотини  проценти е намалена можноста за инфекција, додаде д-р Караџовски.

На граѓаните им порача да не веруваат во лажните вести дека вирусот не постои и да ги почитуваат препораките за носење маска, држење дистанца и редовно миење на рацете.

Во случај на зголемување на бројот на заразени со вирусот повторно ќе бидат воведени рестриктивните мерки што ги укина денеска Владата, предупреди премиерот Оливер Спасовски и апелира на почитување на мерките за носење на заштитна опрема, одржување дистанца и однесување по протоколите што ги утврдува Комисијата за заразни болести.

– Денеска можеме да констатираме дека се исполнети условите да ги намалиме рестриктивните мерки коишто не ги воведовме ние како Влада ниту Комисијата за заразни болести ни ги предложи заради тоа што така сакаат или ние така сакаме, туку заради тоа што тоа го наложуваше состојбата. Ако секаде во светот имаше различни пристапи, константа во секоја од државите е заштитна опрема, одржување на растојание и рестриктивни мерки во одреден период се со цел да се пресечат патиштата на ширење на вирусот. Сега граѓаните знаат што се очекува кога има зголемен број на случаи. Тоа ќе значат повторно рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме и досега и затоа апелираме на сите да ги почитуваме мерките кои се уште се во сила, а тоа е носење на заштитна опрема, одржување дистанца и однесување по протоколите што ги утврдува Комисијата за заразни болести, рече Спасовски, во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по владината седница на која беше најавено олабавување на рестриктивните мерки за коронавирусот.

Доколку се почитуваат мерките, рече Спасовски, нема опасност дека ќе дојде до ситуација на повторно зголемување на заболени од вирусот.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Read more

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе