Во судирот во Нагорно-Карабах досега 600 загинати војници и цивили

МИА/КАЈГАНА
/ 13.10.2020 / 19:27

Бројот на загинати во конфликтот меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах достигна 600 лица.

Официјални претставници на двете страни јавуваат за нови воени и цивилни жртви, бидејќи борбите и натаму траат и покрај договорот за прекин на огнот во Москва, што требаше да почне од саботата на пладне.

Воени претставници од Нагорно-Карабах денеска соопштија дека во конфликтот се убиени уште 16 нивни војници.

Од 27 септември, кога почнаа судирите, убиени се 532 припадници на војската во Нагорно-Карабах.

Азербејџанските власти не ги објавуваат своите воени загуби, но, сепак, соопштија дека имаат 42 цивилни жртви на нивна страна.

Заштитникот на граѓаните на Нагорно-Карабах синоќа соопшти дека во нивната област биле убиени најмалку 31 цивил, додека стотици се ранети.

Овој последен конфликт меѓу азербејџанските сили и ерменските сепаратисти од Нагорно-Карабах, поддржани од официјален Ереван, е најжесток по воспоставувањето на примирјето во 1994 година.

URL

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, постигнат во петокот во Москва, со посредство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе