Скопје, 14 јули 2018 (МИА) - Во водите на реката Вардар вчера бил пронајден труп на маж.
Трупот бил пронајден вчера во близина на селото Кочилари, во близина на Велес.
Како што соопшти МВР, поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на Вардар во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.