Во Венеција на еден ден само со резервација

Венеција планира да воведе пробен систем за резервација за еднодневни посети на центарот на градот за да се намали пренатрупаноста во време кога посетителите се враќаат во овој италијански град по пандемијата.

Целта на системот за платена резервација не е да го ограничи бројот на туристи во историскиот центар, туку да поттикне некои посетители да го посетат градот во помалку популарен период од годината, кога цената на резервацијата ќе биде пониска.

„Ќе започнеме со експериментална фаза во која резервациите нема да бидат задолжителни, туку опционални“ и ќе бидат бесплатни, рече претставникот на венецијанскиот туризам Симоне Вентурини.

На посетителите кои доаѓаат на еднодневни патувања ќе им биде понудено однапред да се регистрираат за резервации со стимулации, „како што е попуст на билетите за музеј“, рече Вентурини.

Датумот на стапување во сила на новиот систем ќе биде објавен во наредните недели.

Од 2023 година ќе се плаќа еднодневна такса за посета

Системот, на кој се работи со години, ќе стане задолжителен во 2023 година, кога посетителите на еднодневни патувања ќе треба да плаќаат надомест од три до десет евра, во зависност од периодот во кој го посетуваат центарот на градот.

Посетителите кои ќе преноќат во Венеција и веќе ја плаќаат таканаречената туристичка такса, нема да мора да плаќаат резервација.

Животот во многу популарниот „град на вода“ полека се враќа во состојбата во која беше пред пандемијата, кога од Големиот канал исчезнаа и гондолите, и туристите.

Огромен број туристи

Овогодинешните велигденски празници привлекоа огромен број посетители, од кои 100.000 ноќеваа во градот, а 40.000 пристигнаа за само неколку часа да ѝ се восхитуваат на базиликата Св. Марко или да уживаат на Мостот на воздишките, рече Вентурини.

Огромниот број посетители значат и долги редици луѓе кои чекаат да се возат со венецијанските „вапорети“ или пред музејот, но и двојни резервации за хотели.

Одамна е познато дека многу туристи му го загорчуваат животот на малото локално население кое сè уште живее во историскиот центар.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, рече дека системот за резервации е „вистинскиот начин за порамномерно управување со туризмот“.

„Ќе бидеме првите во светот што ќе го спроведеме овој експеримент“, напиша тој на Twitter.

Откако резервациите ќе станат задолжителни, влезот на посетителите во центарот на градот ќе се контролира на автобуските и железничките станици, двете главни точки каде туристите пристигнуваат во градот.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Свет

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Read more

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Читај повеќе

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе