Воени авиони се судрија кај Рим, едниот падна на улица; загинаа двајцата пилоти

МИА / КАЈГАНА
/ 07.03.2023 / 18:40

Два ултра лесни воени авиони U-208 што припаѓале на 60º Stormo на италијанското воено воздухопловство се судрија денеска, нешто пред 12 часот во близина на Рим.

Еден од авионите паднал во поле во близина на градчето Гвидонија Монтечелио, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во ова градче на периферијата на Рим, меѓу улиците „Рома“ и „Деле Маргерите“. Двајцата пилоти загинаа, пренесува Il Corriere della Sera.

– Пилотот направил нешто за да ги избегне зградите, и ги избегна. Според моето мислење тој маневар нè спаси, затоа што можел да се удри во зградите, рече градоначалникот на Гвидонија, Мауро Ломбардо.

Реонот на несреќата е ограден од спасувачи кои проверуваат дали во несреќата загинале и други лица. Во тек е полициска истрага.

Remote video URL

Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром „Гвидонија“ на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот.

Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.

– Во име на Владата го изразувам моето најдлабоко сочувство до семејствата, нивните колеги и целиот корпус на воздухопловните сили, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по падот на авионите.

– Длабоко сум потресен откако ја дознав страшната вест за смртта на двајцата пилоти. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и челниците на воздухопловните сили, рече претседателот на Сенатот, Ињацио Ла Руса.

Загинаа потполковникот Џузепе Чиприано и мајорот Марко Менегело.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе