Volkswagen не спие - го потврди Golf 9

Германскиот автомобилски гигант само што го претстави новиот Golf 8, а најљубопитните веќе почнаа да се распрашуваат за наследникот.

Volkswagen со месеци беше главна тема на шпекулации, а сега е актуелна тема на анализи.

„Осумката“ има 11 погонски решенија, а од седиштето во Волфсбург тврдат дека новите модели трошат за 17% помалку од претходните генерации. Особено се горди на хибридите.

Мора да се признае дека Volkswagen навистина направи исчекор, додека во дизајнерски поглед се задржа на препознатливата естетика на Golf.

Иако се навикнавме секој ден да има барем една новост од Volkswagen, сепак изненади веста дека веќе има некаква информација за наследникот на новиот Golf.

Не помина ни цела недела од премиерата на Golf 8, a екипата на Top Gear веќе се заинтересира што следно ќе се подготвува во Волфсбург.

На прашањето за судбината на моторите со внатрешно согорување, Ларс Хентшел од одделението за развој на мотори во VW потврди дека и за десет години од сега ќе може да купиме автомобил со погон на фосилно гориво. И тоа новиот Golf.

„Нема шанси за стопроцентна електрификација до 2030 година. Дури ни мојот шеф, господин Дајс, не е ентузијаст. Тоа би било премногу. Мора да има нови генерации, уверен сум во тоа“, изјави тој за Top Gear.

Да, Golf ќе продолжи да живее, а деветтата генерација би требало да се појави на сцена најрано во 2027 година, имајќи го предвид просечниот век на една генерација на модел од седум години.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе