Волстрит: Nasdaq на највисоко ниво во последните три месеци

Индексите на Волстрит остварија силни добивки во средата, при што технолошкиот гигант Nasdaq го достигна највисокото ниво во последните три месеци, благодарение на серијата добри вести од деловниот сектор и добрите макроекономски показатели кои ја намалија загриженоста на инвеститорите за инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки и претстојната рецесија.

Во средата, индексот Nasdaq зајакна за 2,59 отсто, на 12.668 поени, додека Dow Jones порасна за 1,29 отсто, на 32.812 поени, а индексот S&P 500 за 1,56 отсто, достигнувајќи 4.155 поени.

Најновите податоци укажаа на зголемување на нарачките за американската индустрија во јули, со олеснување на проблемите со синџирот на снабдување и намалување на притисокот на цените. Ова го зајакна уверувањето кај некои инвеститори дека економијата не е во рецесија и покрај падот на американскиот БДП во изминатите два квартали.

За доброто расположение на инвеститорите придонесе и последната серија деловни објави, вклучително и од Paypal и CVS Health Corporation. Сето ова му помогна на Волстрит да се опорави од неколкудневните загуби поради загриженоста за високата инфлација, зголемувањето на каматните стапки, забавувањето на економската активност и геополитичките тензии.

„Сезоната на објавување деловни резултати за вториот квартал е во тек и во најголем број случаи, од технолошкиот комплекс до производите за широка потрошувачка и индустријата, гледаме подобри резултати од она од што се плашевме и тоа засега ни е доволно“, изјави Сахак Мануелиан, директор на инвестициското друштво Wedbush Securities.

Акциите на Paypal пораснаа за речиси 10 проценти откако компанијата ги зголеми проценките за годината; од истата причина, цената на акциите на синџирот аптеки CVS Health порасна за 6,3 отсто, а цените на акциите на Apple и Amazon значително пораснаа, за речиси 4 отсто, а на Мета за 5,4 отсто.

Европските берзи вчера забележаа добивки и благодарение на добрите вести од деловниот сектор, при што лондонскиот Ftse индекс порасна за 0,49 отсто на 7.445 поени, франкфуртски DAX за 1,03 отсто на 13.587 поени, а париски CAC за 0,97 отсто на 6.472 поени.

реклама

Бизнис

Дали на Европа ѝ треба „воена економија“?

Read more

Publicis Groupe Skopje најнаградувана агенција на регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023

Read more

Волстрит падна, инвеститорите нервозни

Read more

Паѓаат цените на нафтата

Read more
 

Вести

Здружение Бранител 2001: По 22 години конечно некој во државата за која се боревме се сети дека постоиме

Читај повеќе

Харадинај: Курти отиде во крајност, поттикна конфликти, да ја напушти владата бидејќи е опасност за земјата

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски се „киднапирани“ од ДУИ

Читај повеќе

Левица: Македонските бранители ќе добијат олеснувања од обврските кон матичната општина

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден загинат, повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Читај повеќе

13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: 4 столба за забрзување на патот кон ЕУ

Читај повеќе

Путин: Конфронтацијата меѓу Русија и Украина беше неизбежна, за жал се покажа како нецивилизирана

Читај повеќе

Курти: Решението е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори

Читај повеќе