Неколку дена пред доделувањето на Оскарите музејот Мадам Тисо во Холивуд ја претстави новата восочна фигура на славната актерка Мерил Стрип.
Морничавата статуа наскоро предизвика негативни реакции на интернет, а корисниците на социјалните мрежи сметаат дека восочната фигура воопшто не наликува на актерката.
Фигурата е направена според изгледот на актерката од доделувањето на Оскарите пред 4 години, кога го освои третиот Оскар за „Iron Lady“.
Актерката и годинава е номинирана за Оскар.