Возач загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на патниот правец село Ропотово-Прилеп.
Како што информираат од МВР, во полициската станица во Прилеп денеска околу 11:40 часот било пријавено дека на регионален патен правец Ропотово-Прилеп се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило MAN со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (33) од Битола и патничко возило Ford Galaxy со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (71) од Македонски Брод. На местото на несреќата починал С.Р..
Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.