Хроника

Вработен во ЕВН почина од струен удар

17. август 2019 - 10:58 | МИА

МВР соопшти дека 48-годишен работник од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар.

Во село Подржикоњ-Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар.

Настанот бил пријавен вчера во 12:00 часот, а смртта ја  констатирал лекар на Итна медицинска помош. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Коментирај