Вработените во весниците на МПМ, „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ денес спонтано се собраа на протест пред редакциите за да искажат револт од најновите случувања во компанијата.
Нервозата ја предизивка објавувањето на огласот со кој се бараат 55 новинари,иако вкупниот број на новинари е двојно поголем и постои стравување дека е ова начин за отпуштања од работа.
Утринава редакциите добиле мејл со кој им се наложува на новинарите да се пријават и да испратат биографија за вработување во новата фирма-ќерка на МПМ, „Медиа принт ДООЕЛ“. Новинарите велат дека нема да конкурираат на огласот и бараат менаџментот да им објасни дали компанијата оди во стечај и каква ќе биде нивната судбина.