Живот

Вреден заб од огромен праисториски предатор украден во Австралија

13. март 2018 - 19:12 | М.Д.

Заб од џиновска праисториска ајкула долг осум сантиметри, украден е од сокриен локалитет во оддалечен национален парк во Западна Австралија.

Фосилот припаѓал на видот џиновски океански грабливци – мегалодон, предок на денешните ајкули, кои изумреле пред околу 2,6 милиони години.

Украдениот заб бил еден од двата такви во националниот парк на брегот во Нангала, инаку прогласен за светско културно богатство под заштита од УНЕСКО.

Функционери од националниот парк веруваат дека крадците знаеле точно што прават, односно дека забот бил намерно украден.

„Најлошо во целото ова е што е украден забот кој беше во подобра состојба и за чие постоење нема многу информации. Инаку, нашиот персонал го заштити и физички, покривајќи и маскирајќи го за да остане сокриен“, изјави портпаролот на националниот парк Арвид Хогстром.

Покрај тоа што се наоѓа на релативно сокриена локација, забот бил поврзан со камен. За разлика од другиот заб, туристите овој не го посетувале.

Коментирај