Времеплов: 16 години од бламажата во Андора

Филип Здравески
/ 13.10.2020 / 18:29

Пред точно 16 години македонската фудбалска репрезентација го допре дното забележувајќи го најпонижувачкиот пораз во историјата кога загуби од слабата Андора.

Само три дена по одличното издание во Скопје против Холандија, кога против светската велесила одигравме 2:2, следуваше шок и неверување за фудбалската јавност. Македонија гостуваше кај малата пиринејска државичка чија репрезентација не знаеше за победа во официјален натпревар. Тоа беше 4. коло од Групата 1 во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2006.

Македонските фудбалери никако не можеа да го скршат отпорот на мотивираните аматерски домашни играчи, а шокот стигна точно по еден час игра. Марк Бернаус ја затресе мрежата на голманот Јане Николоски за огромна радост на Андорците.

До крајот остануваа половина час, сосема доволно не само да се израмни, туку и да се направи комплетен пресврт против репрезентација од рангот на Андора. Но, резултатот остана непроменет, а македонските фудбалери со неверување на лицата заминаа во соблекувалната.

Тоа беше тежок удар, црн ден во македонската фудбалска историја. За бламажата да биде поголема говори и фактот што овој натпревар требаше да биде големо славје бидејќи беше тој стоти официјален за Македонија. Наместо голема победа, стотката и натаму ја паметиме по срамот кој се случи на „Ајшоваљ“ стадионот во Андора Ла Веља.

Remote video URL

За Македонија настапија: Јане Николоски; Горан Ставревски, Игор Митрески, Милан Стојановски, Александар Митрески (78' Васко Бижиновски), Игор Јанчевски, Ванчо Трајанов (46' Александар Бајевски), Влатко Грозданоски, Артим Шаќири, Ацо Стојков и Горан Пандев.

На клупата беа уште и Горан Попов, Панче Ќумбев и голманот Гого Јовчев, додека селектор беше Драги Канатларовски.

Резултатот како гром одекна во фудбалскиот свет, дури имаше и обвинувања за местење бидејќи во кладилници на Далечниот Исток имало големи уплати. ФИФА отвори истрага која не даде резултат. Колку и да сакавме да се тешиме дека можеби сме им пуштиле на Андорците поради кладилница, болната вистина е дека нѐ победија фер, дека самите сме виновни за големиот срам кој пукна на Пиринеите.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе