ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА 1974

Времеплов: 46 години од митското финале на Кројф и Бекенбауер

Филип Здравески
/ 07.07.2020 / 16:09

На денешен ден во далечната 1974 година се одигра едно од најинтересните финалиња во историјата на Мундијалите. Забрефтаните Холанѓани предводени од Јохан Кројф се соочија со домаќинот Западна Германија на Франц Бекенбауер.

Вкупно 75.200 гледачи го наполнија „Олимпија“ стадионот во Западен Берлин во финалето на јубилејното 10-то Светско првенство на ФИФА, прво од новата ера. Четири години претходно Бразил по трет пат го освои драгоцениот пехар и го задржа во трајна сопственост. Тогаш Купот на Жил Риме стана ФИФА Светски куп, а беше воведен и нов пехар, оној кој се доделува до ден денес.

Холанѓаните беа пријатно изненадување тоа лето. Во својата група го совладаа Уригвај со 2:0 и Бугарија со 4:1, а одиграа без голови со Шведска. Во втората фаза, исто така по групи, направија неверојатна серија победувајќи ги сите противници и тоа со вкупна гол-разлика од 8:0. Најмногу настрада Аргентина која загуби 4:0, а со по 2:0 беа поразени Источна Германија и актуелниот шампион Бразил.

Домашната репрезентација исто така беше убедлива, со таа разлика што претрпе еден неочекуван пораз и тоа од лутиот политички ривал Источна Германија со 0:1. Го победија Чиле 1:0, Австралија 3:0, а потоа Југославија 2:0, Шведска 4:2 и Полска 1:0.

Финалето ги спои германската машинерија со холандскиот тотален фудбал, нова тактика која мелеше сѐ пред себе. Уште во втората минута студен тиш за домаќинот: англискиот главен судија Џек Тејлор покажа на белата точка откако Ули Хенес во шестнаесетникот го собори Јохан Кројф. Јохан Нестенс беше сигурен реализатор. Германците уште ја немаа допрено топката, а веќе губеа со 1:0.

Нескенс погодува за 1:0

Во 25. минута обратна ситуација. Бернд Хелценбајн паѓа во портокаловиот казнен простор, а Паул Брајтнер го совлада Јан Јонгблуд. Двата пенала досудени на овој натпревар беа првите пенали досудени во мундијалско финале.

Само две минути пред паузата упорните Германци дојдоа до пресврт со голот на Герд Милер. Холандија прв пат на првенството прими два гола на еден натпревар и прв пат имаше негатива. Репрезентацијата која ги освои симпатиите на сите, потклекна во најважниот натпревар. За многумина останува, заедно со Унгарија од 1954, како најдобриот тим кој никогаш не станал светски шампион.

Remote video URL

Холандија: Јан Јонгблуд; Вим Сурбир, Вим Рајсберхен (69' Тео де Јонг), Ари Хан, Рут Крол; Јохан Нескенс, Вин Јансен, Вилем ван Ханехем; Џони Реп, Јохан Кројф (к). Роп Ренсенбринк (46' Рене ван де Керкхоф). Селектор: Ринус Михелс.

Западна Германија: Зеп Мајер; Берти Фогтс, Франц Бекенбауер (к), Ханс-Георг Шварценбек, Паул Брајтнер; Рајнер Бонхон, Ули Хенес, Волфганг Оферат; Јирген Грабовски, Герд Милер, Бернд Хелценбајн. Селектор: Хелмут Шен.

Бекенбауер со пехарот

За Западна Германија тоа беше втора титула светски шампион по онаа во 1954. За прв пат се случи актуелен европски шампион да се здобие и со приматот светски бидејќи Западна Германија во 1972 во финалето во Белгија го совладаа СССР.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе