ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО БРАЗИЛ 1950

Времеплов: 70 години откако Гиџа ја расплака „Маракана“

Филип Здравески
/ 16.07.2020 / 20:27

Точно на денешен во далечната 1950 година се одигра финалето на четвртиот Мундијал на ФИФА каде малиот Уругвај го шлагираше домаќинот Бразил и пред нос му го украде златниот пехар.

Скјафино израмнува на 1:1

Тој Мундијал беше по многу нешта необичен. Првпат се појави репрезентацијата на Англија која самобендисаноста ја чинеше прерана елиминација и тоа од аматерите на САД. Потоа, употребен беше необичен систем на натпреварување во кој практично немаше финале. Победниците на четирите групи формираа нова финална група во која се играше по истиот принцип, секој со секого. Покрај Бразил и Уругвај, во финалната група беа уште и Шведска и Шпанија.

Резултатите во првите две кола велеа дека во последното коло домаќинот Бразил влегува со две победи по триумфите од 7:1 над Шведска и 6:1 над Шпанија, додека Уругвај киксна 2:2 со Шпанија, а потоа едвај со 3:2 и пресврт ја совлада Шведска. На Бразилците и нерешено им одговараше за да станат светски шампиони.

Тоа значеше дека меѓусебниот дуел во последното коло всушност се претвора во финале, а дуелот Шведска - Шпанија во битка за бронзата. Условно кажано финалето се играше пред публиката од безмалку 200 илјади на „Маракана“ во Рио со почеток од 15 часот по локално време. Во истото време во Саун Пауло се играше другиот натпревар.

„Маракана“ за време на финалето

Бразил: Моасир Барбоза; Аугусту (к), Жувенал, Бауер, Данилу, Бигоџи; Фријаса, Зизињу, Адемир, Жаир, Шику. Селектор: Флавиу Коста.

Уругвај: Роке Масполи; Матијас Гонсалес, Еусебио Техера; Шуберт Гамбета, Обдулио Варела (к), Виктор Андраде; Алсидес Гиџа, Хулио Перес, Оскар Мигес, Хуан Алберто Скјафино, Рубен Моран. Селектор: Хуан Лопес Фонтана.

Составот на Бразил

Натпреварот почна со бразилска иницијатива, но и покрај нападите на пауза се замина без голови. Само што почна вториот дел, во 47. минута Фријаса ја запали публиката отворајќи го резултатот. Уругвајскиот капитен Варела, бесен поради наводниот офсајд, неуспеваше да се разбере со англискиот судија Џорџ Ридер, бараше преведувач, а откако се помири со голот ја смести топката на центарот и на своите играчи и викна: „А сега, време е да победиме“.

Масполи брани еден од многуте бразилски удари

Уругвај ја презема контролата и почна да напаѓа. Во 66. минута Скјафино со одличен удар израмни на 1:1 и ги врати „Сините“ во живот. Шокот за Бразил се случи на 11 минути пред крајот, односно во 79. минута кога Гиџа упати прецизен удар покрај стативата совладувајќи го голманот Барбоза.

Немоќниот Бразил не успеа да се поврати од шокот и го загуби финалето, а Уругвај по вторпат стана светски шампион. Првиот пат беше на првиот историски Мундијал во 1930 година.

Remote video URL

Овој натпревар беше наречен „Мараканасу“, односно „Мараканска агонија“ од страна на самите Бразилци. Дури и традиционалните бели дресови на Бразил беа засекогаш пензионирани, сметајќи ги за несреќни. Голманот Моасир Барбоза до крајот на животот беше посочуван како виновник за изгубеното финале, а во 1963 година дури и на подарок го доби голот од стадионот, тогаш дрвена рамка, кој го запали во својот двор.

„Максималната казна во Бразил е 30 години затвор, а јас плаќам, за нешто за што не сум виновен, еве веќе 50 години“, изјави Барбоза во 2000 година, кратко пред да почине.

Победничкиот тим на Уругвај

А, пак Гиџа, кој го уништи сонот на Бразил, иако не постои личност во земјата која не го знае, ја ужива сета почит на Бразилците. Во 2009 година Бразилците по поканија да се врати на местото на настанот за отисокот од неговите стапала да биде ставен во алејата на славните на „Маракана“ веднаш до оние на Пеле, Еузебио и Франц Бекенбауер.

Гиџа беше последниот преживеан од тоа финале

„Еднаш кога одев во Рио, на пасошка контрола една млада дама долго ми го ледаше пасошот и ја прашав да не има некој проблем, а таа ми рече: 'Ти си Гиџа, од 1950?', а јас ѝ вратив 'Да, ама оттогаш помина долго време', по што таа покажувајќи на срцето ми рече 'Да, ама сѐ уште боли'. Иако бевме пресреќни за победата, кога ќе погледнев во публиката одеднаш ми паѓаше многу жал. Луѓето непрестајно плачеа. Знаете што, јас сум меѓу ретките личности кои ја замолкнале „Маракана“. Другите двајца се Френк Синатра и папата Јован Павле II“, рече еднаш Гиџа кој судбината сакаше да почине токму на годишнината финалето, 16 јули 2015 година.

Remote video URL

Уругвај до ден денес сѐ уште ја чека својата трета титула светски шампион, а Бразил потоа успеа да освои 5.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе