ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО АНГЛИЈА 1966

Времеплов: Кога цела Англија навиваше за Северна Кореја

Филип Здравески
/ 19.07.2020 / 18:02

На денешен ден во далечната 1966 година на Мундијалот во Англија се случи едно од најголемите изненадувања во фудбалскиот свет кога, тогаш непознатиот и анонимен аутсајдер, Северна Кореја ја победи и ја елиминира моќната Италија.

Северна Кореја за првпат се појави на едно Светско првенство. Прежалени од сите, во група со силните Италија, СССР и Чиле, на Корејците им се предвидуваше полна мрежа и брзо враќање дома. И кога уште во првиот натпревар Советите ги преслушаа со 3:0, очекувањата се чинеше дека се остваруваат. Во второто коло со гол на две минути пред крајот Северна Кореја одигра 1:1 со Чиле, што им даде шанса со чудо во последното коло против силната Италија да се надеваат на пласман во четвртфиналето.

Тој 19 јули 1966 година на стадионот „Еирсом Парк“ во Мидлсбро на Италијанците им одговараше и нерешено за како второпласирана репрезентација да го продолжат сонот за титулата, додека Корејците ги вадеше само победа, победа за која можеа само да сонуваат. Барем според целокупната фудбалска јавност.

Капитените Џакомо Булгарели и Пак Сјон-зин со главниот судија Пјер Швинте

Италија со Мацола, Ривера, Булгарели и Факети беше огромен фаворит. Поразот од СССР и нерешениот со Чиле веќе се сметаа за големи киксови на Италијанците, но дуелот со Корејците се очекуваше да биде пресвртница.

Натпреварот не се одвиваше како што очекуваа „Аѕурите“. Веќе на почеток Италијанците пропуштија три одлични шанси за гол, а потоа Северна Кореја успешно се бранеше. Нивните брзоноги напаѓачи постојано го загрозуваа голот на Албертози, но голови немаше. Потоа се случи првиот пех за Италија кога капитенот Булгарели се повреди и мораше да го напушти теренот. Од претходно имаше повреда на коленото, но поради важноста на натпреварот беше ставен в оган. Бидејќи во тоа време замени не беа дозволени, Италија продолжи со 10 играчи.

Шокот стигна во таа 42. минута кога Мацола лошо исконтролира една топка, му ја одземаа Корејците кои преку контра ја затресоа италијанската мрежа преку Пак Ду-и. Скоро целиот стадион еруптираше од радост бидејќи неутралната англиска публика навиваше за Северна Кореја, сакајќи еден од конкурентите на нивната Англија да биде исфрлен.

Пак Ду-и го постигнува одлучувачкиот гол

Италија со гол негатива и играч помалку вооппшто не успеа да се врати во игра. Со нивните јалови и млитави напади Корејците лесно се справуваа, ја презедоа иницијативата и се закануваа да го зголемат водството небаре тие беа двократни светски шампиони, а не Италија. На крајот резултатот остана 1:0, Северна Кореја се пласираше во четвртфиналето, а Италија се спакува за дома.

Remote video URL

Северна Кореја: Ли Чан-мјан; Лим Зун-сан, Шин Јан-кју, Ха Чин-уон, О Јун-кјан; Пак Сјон-зин (к), Пак Ду-и, Им Шан-хуи; Хан Бон-зин, Ким Бон-хуан, Јан Сон-ку. Селектор: Мјан Је-хјан.

Тимот на Северна Кореја

Италија: Енрико Албертози; Спартако Ландини, Аристиде Гуарнери, Франческо Јанич, Џачинто Факети; Џакомо Булгарели (к), Романо Фољи, Марино Перани; Сандро Мацола, Џани Ривера, Паоло Баризон. Селектор: Едмондо Фабри.

Италијанците пред натпреварот

На Чизмата, раната елиминација зачинета со пораз од аматерите од Северна Кореја ги разлути навивачите. Авионот со репрезентацијата беше пречекан од стотици гневни навивачите на аеродромот „Кристофер Колумбо“ крај Џенова. Играчите беа гаѓани со патлиџани и други зеленчуци, а немаа милост ниту медиумите со своите репортажи.

Успехот на Северна Кореја е уште поголем ако се земе фактот што нивната репрезентација беше составена од фудбалери аматери, кои фудбал играат во слободно време. На пример, стрелецот на победничкиот гол по професија беше стоматолог, но работеше како водник во армијата на земјата.

Северна Кореа во четвртфиналето најави ушсте едно чудо. По фуриозни 25 минути водеше со 3:0 над Португалија пред на сцена да стапи големиот Еузебиу. Португалците го изведоа еден од најголемите пресврти во историјата и со 4 голови на Еузебиу и еден на Жузе Аугушту победија со 5:3. И покрај елиминацијата, она што Северна Кореја го направи во Англија останува со златни букви запишано со фудбалската историја.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе