На 25 мај 1979 година се одржала последната прослава по повод Денот на младоста на која лично присуствувал Јосип Броз Тито, пред да почине.

Тогаш штафетата му ја предала Санија Хисени, студентка од Приштина, обраќајќи се на албански и на српско-хрватски јазик (Санија денес живее во Канада). Наредната година на 4 мај Титио починал, а штафетата се наоѓала на пат во Хрватска, па била пренесена и положена на неговиот ковчег во Собранието на СФРЈ.
По неговата смрт сè продолжило, но под друго име: „И по Тито - Тито“, со заклетвата на Југословените дека ќе истраат на Титовиот пат, а штафетата ја примаше актуелниот Сојузен претседател на младината...